Блажевска Еминова Миа член на ПВК Орион од Скопје, на Меѓународниот пливачки митинг 22 Април кој се одржа во Бања Лука, исплива 4 нови Државни рекорди на Македонија во дисциплините 50м делфин со време 29:05 каде постави нов Кадетски рекорд и во дисциплината 50м грбно каде постави нов Кадетски, Младински и Апсолутен рекорд со време 30:68, што воедно е и норма за учество на Младинското Европско првенство во пливање кое ќе се одржи во Казан, Русија.
На митингот учество земаа 423 пливачи од Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.