Македонија имаше успешен настап (бронзен медал, две А финалиња,едно Б финале)на ЛЕН Меѓународен Пливачки Натпревар “Едирне Опен”организиран од Турска Пливачка Федерација, изминатиот викенд 8-10.02.2019г.
Македонска пливачка кадетска репрезентација во состав:
Ева Петровска -200делфин(бронзен медал), 400 и 800слободно, постигнати најдобри резултати и највредни во моментов според Фина Бодовна Таблица од МКД
Јана Констандиновска- 200,400(Б финале),800 слободно, исплива свои најдобри резултати
Стефан Цветковски-50,100 делфин, испливани најдобри свои резултати
Серге Пејковски -200,400,800 слободно, (првпат учесник на меѓународен натпревар надвор од МКД)испливани резултати во рамки на своите најдобри досегашни.
Нашите пливачи беа предводени од Тренер Методија Ангелевски и Официјално Лице на ПФМ -Претседател Александар Маленко.
Покрај спортскиот дел, вреди да се напомене дека двете пријателски пливачки федерации постигнаа партнерски договор за меѓусебна соработка од стручен карактер(размена на тренерски искуства), гостувања на ЛЕН пливачки натпревари во двете земји, како и техничка соработка за подигнување на систем за професионализација во секој сектор на една Пливачка Федерација.