Евгениј Поп Ацев прогласен за спортист на годината на Град Скопје

Пливачот Евгениј Поп Ацев прогласен за спортист на годината на Град Скопје

Пливачот Евгениј Поп Ацев го доби признанието за најдобар спортист на годината на Град Скопје.

На свеченоста беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Евгениј Поп Ацев од Академски Пливачки клуб Студент, доби признание за најдобар спортист на годината на Град Скопје, за освоено 3-то место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на ранг листа на меѓународната пливачка федерација