Фина Светски Пливачки Куп-Будимпешта

Викендов по подолго време Македонија имаше повторни крштевање и наш претставник на Фина Светски Пливачки Куп-Будимпешта.
Ева Петровска по покана на домаќин и организатор Унгарска Пливачка Федерација како еден од 10те млади олимписки таленти во Европа настапи во дисциплини 400 слободно 4:29:61 Фина 660 бодови и 800 слободно 9:18:77 Фина 634 бодови.
Овие испливани резултати се најдобри и претставуваат основ за врвен спортски резултат кој Македонија долго го очекува.
ПФМ е горда на нашите млади таленти-олимписки надежи и ќе продолжи да ја спроведува професионалната програма која итекако почнува да дава резултати.