ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пливачка Федерација на Македонија објавува дека согласно календарска програма за 2018 година, на 30 Јуни и 01 Јули 2018 година ќе се одржи Национално Летно Првенство во Пливање.
Место на Одржување – Олимписки Базен-Центар Скопје.
Технички Организатор – ПК ФЕНИКС СКОПЈЕ.
Дополнителни информации ќе добијат сите клубови-членки на ПФМ преку електронска пошта и истите дополнително и навремено ќе бидат објавени на веб страната на ПФМ.