Управниот Одбор на ПФМ на седница одржана 5ти јануари 2018 година, ги донесе следните одлуки
- Зимски државни првенства согласно програма и календарот на ПФМ за 2018г, ќе се одржат во Куманово. Технички организатор ПК АКВА КУМАНОВО.
- Донесена е Одлука за забрана на учество на натпревари во рок од 2 години на пливачки клуб Струга – Струга
- Воведување Кодекс на однесување за пливачи – репрезентативци, тренери, официјални лица на ПФМ
- Донесена е Одлука ПФМ да аплицира за организатор на Централно Европските Игри декември 2018
- Поведување дисциплинска постапка пред дисциплинска комисија при ПФМ за тренер Методија Ангелески.