Непосредно по завшувањето на Евроското првенство во пливање, во мали базени во Копенхаген (Данска), каде Македонија ја претставуваат четворица пливачи, Пливачката федерација на Македонија, на 23 декември, во базенот “Борис Трајковски” ќе го одржи Државното првенство во далечинско пливање.
Натпреварите ќе опфатат две старосни граници во машка и женска конкуренција. Првата категорија ќе биде во должина од 2,5 километри, а параво на учество ќе имаат пливачи од 12 до 15 години. Втората категорија ќе биде должината од пет километри, а право на учество ќе имаат пливачи постари од 16 години.
Сите учесници за својот настап на шампионатот ќе добијат медал, а првите тројца во категорија мажи и жени (во двете старосни категории) ќе бидат наградени со 200, 100 и 50 евра, како и со стокови награди.
За учесниците од внатрешноста, федерацијата ќе обезбеди сместување со полн пансион, вклучено и нивните тренери од 22 декември (петок попладне) до 23 декември (сабота) по одржувањето на коктел церемонијата и доделување на наградите.