Поразени од Унгарија и покрај добрата игра

Македонските ватерполисти се поразени од Унгарците со 14 – 9. Овој резултат не ја одсликува реалната борба и добрата игра на нашите репрезентативци кои сепак не успеаа да дојдат до победа. Резултатот по четвртините беше следниов: 4-2, 4-4, 2-1, 4-2.

„Унгарија е многу силна репрезентација. Пробавме да играме во нападите многу лесно, со концентрација и цврста игра во одбраната. Мислам дека овој резултат е добар за нас и секогаш треба да играме со ‘главата’ како што игравме денес. “изјави селекторот Игор Гочанин по натпреварот.

Головите за Македонската репрезентација ги постигнаа: Урош Калиниќ кој постигна 2 гола и Саша Мишиќ, Владимир Кречковиќ, Благоје Ивовиќ, Димитар Димовски, Мирослав Ранџиќ, Борис Летица и Данијел Бениќ кои постигнаа по еден гол.