5 нови Државни рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини

Во првиот дел од Меѓународниот пливачки митинг “Немо Куп” кој се одржува на базенот Борис Трајковски во организација на ПК Делфин од Скопје,поставени се 5 нови Државни рекорди на Македонија во повеќе категории и дисциплини.
Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нов Апсолутен,Младински и Кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м градно со време 34:43 додека во дисциплината 200м мешано постави нов Кадетски рекорд на Македонија со време 2:21:16.
Членот на ПК Вардар 2018 од Скопје,Ѓуретановиќ Никола постави нов рекорд за Помлади пионери во дисциплината 200м мешано со време 2:32:94.
Во вториот дел од Меѓународниот пливачки митинг “Немо Куп” поставени се 3 нови Национални рекорди.
Пливачката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нов Кадетски и Младински рекорд во дисциплината 100м грбно со време 1:03:60.
Додека пливачот на ПК Вардар 2018,Ѓуретановиќ Никола постави нов рекорд на 400м слободно во категоријата Помлади пионери со време 4:47:96.
Во последниот трет дел од Меѓународниот пливачки митинг “Немо Куп” во организација на ПК Делфин од Скопје поставени се два нови Национални рекорди на Македонија.
Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 200м грбно со време 2:22:33.
Додека членката на ПК Октопод од Скопје,Софија Дамјанова постави н
ов рекорд во категоријата Постари пионерки во дисциплината 50м делфин со време 30:62.