Поразени во вториот натпревар

Вториот меч на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Ајндховен, Холандија, нашите репрезентативци го завршија со пораз 6-10 против репрезентацијата на Грција.

„Без концентрација и без мотивација  во нападот, тоа е причината за овој резултат. Мораме да се потрудиме да одиграме подобро, со повеќе концентрација и смиреност.“ беше изјавата на селекторот Гочанин по завршетокот на натпреварот.

– Саша Мишиќ  2 гола,

– Димовски Димитар 1 гол,

– Мирослав Ранџиќ 1 гол,

– Данијел Бениќ 1 гол,

– Игор Милановиќ 1 гол.