Започна “FINA CLINIC for COACHES “

Денес за првпат во Македонија официјално започна “FINA CLINIC for COACHES “во организација на ПФМ и ФИНА. Учествуваат 20 македонски тренери кои ќе се стекнат со обука и пракса и системска програма за тренинг по пливање. Ова е задолжителен основ за секој, кој сака во месец Април да полага за ФИНА Ниво 1(сертифициран тренер за пливање во пливачки школи).

Пливачка Федерација на Македонија на сите наши учесници(тренери) им посакува успех и позитивни резултати.