Со фуриозна, тимска, брза и борбена игра, Македонската ватерполо репрезентација го започна Европското првенство во Ајндховен 2012 совладувајки ја репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4!
По раното водството од 0:1 на репрезентацијата на Турција, следеше неверојатен пресврт во корист на нашата репрезентација по кој резултатот и разликата по четвртини се движеше се повеќе и повеќе во корист на Македонија достигнувајки 16 гола за Македонија наспроти само 4 за Турција. Резултатот по четвртини беше:
1-ва четвртина: 3:1
2-ра четвртина: 5:1 (2:0)
3-та четвртина : 11:1 (6:0)
4-та четвртина: 16:4 (5:3)
На самото отварање на првенството во сопствен стил подеднакво блеснаа сите членови на нашата репрезентација. Покрај многуте одбрани на нашиот број 1, голманот Далибор Перчиниќ, во листата на стрелците се запишаа:
Борис Летица – постигна 4 гола
Мирослав Ранџиќ – постигна 3 гола
Данијел Бениќ – постигна 3 гола
Игор Рачуница – постигна 2 гола
Игор Милановиќ – постигна 2 гола
Благоје Ивовиќ – постигна 1 гол
Иван Вуксановиќ – постигна 1 гол
Димитар Димовски – постигна 1 гол
Задоволни од победата, нашите ватерполисти подеднакво се спремни за следниот предизвик кој следи утре. Во истиот термин, со почеток од 13:00 часот, на базенот „Pieter van den Hoogenband Swimming Stadium“ во Ајндховен Холандија, нашите репрезентативци ќе го одиграат натпреварот против Грција.