Градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски, свечено ги врачи наградите и признанијата на најдобрите спортисти и спортски работници за 2011 година. Наградите и признанијата на најдобрите спортски работници им се доделуваат традиционално по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на градот Скопје.
За најуспешни спортисти за 2011 година се прогласени: Евгениј Поп Ацев (Маратонско пливање, трето место на светската ранг листа за 2011, член на АПК „Студент“ Скопје), Димитар Димовски (Ватерполо, ВК „Работнички“, 3. место на Универзијадата во Пекинг, репрезентативец што се избори за пласман за Евроспкото
првенство во 2012) и Александар Ѓеорѓиевски (Кик Бокс 1-во место на Светско Првенство од Клубот Фајт тим – Радишани, Скопје).
Најдобрите тренери за 2011 година се: Лино Червар (тренер на Ракометен клуб „Металург“,), Тони Стојановски (Кик Бокс, тренер) и Боби Кузмановски (тренер на Ватерполо клуб „Работнички“.
Машката екипата на ракометниот клуб „Металург“ Скопје е прогласена за најдобра спортска Екипа за оваа година. Најдобри репрезентации се кошаркарска за освоено 4. место на ЕП во Литванија 2011 и Ватерполо репрезентација за 3. место на Универзијадата во Пекинг.