Денес во официјална посета на Националната пливачка фрдерација на Северна Македонија престојуваа високите претставници на ЛЕН Европската и на ФИНА Светската пливачка федерација д-р Јосип Варводиќ прв потпретседател на ЛЕН и член на бордот на ФИНА и Милиш Мрачевиќ делегат на ЛЕН за ватерполо. За време на посетата заедно со своите домаќини Горан Стојановски – претседател и Васил Велков и реномираните Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, остварија средби со претседателот на РСМ Стево Пендаровски, директорот на АМС Наумче Мојсовски и претседателот на МОК Даниел Димевски. На средбите беше истакната подршката на актуелното раководство на НПФСМ во кое гледаат искрени пријатели и партнери за понатамошна успешна соработка. Беше нагласено дека првата работа ќе биде заедничкото решавање на надворешниот долг на федерацијата, а со помош на посетените институции да се реши внатрешниот долг што поскоро.
Проектите кои се во тек ќе продолжат да се реализираат непрекинато