На 1то Светско првенство за глуви во 25 метарски базени кое се одржува во Гливице,Полска од 15-20 Ноември,Македонија ќе биде претставена од Андреј Стојаноски. Ова е прв пат Светско првенство за глуви да се одржува во куси базени,досега сите првенства беа одржувано во 50 метарски базени. Андреј Стојановски ќе настапи во дисциплините:
- 100м градно
- 200м слободно,
- 100,200 и 400м мешано.
Андреј е носител на бронзен медал во дисциплината 1500м слободно од Светското првенство за глуви кое се одржа во Сан Антонио,САД во 2015 година.Покрај успехот што Андреј го покажува на натпреварите за глуви и наглуви лица,тој има настап и за Македонската репрезентација во пливање на Европското првенство во пливање во Лондон 2016 и на Светското првенство во кратки базени во Хангжу,Кина во 2018 година.