10ти Меѓународен пливачки митинг 13 Ноември

Во организација на Пливачкиот Клуб ‘Бета Шаркс’ од Скопје на 23 и 24 Октомври се одржа 9от Меѓународен пливачки митинг “13 Ноември” на кој учество земаа 28 пливачки клуба и 327 пливачи од 5 Држави и тоа Србија,Чешка Република,Албанија,Косово и Македонија.
Во 4 дела од натпреварот поставени се вкупно 9 нови Национални рекорди на Македонија во повеќе категории.
Јанковиќ Сара од ПК Скопје постави нов Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд во дисциплината 50м градно со време 34.15,пливачот на ПК Нептун,Андреј Стојановски постави нов Младински рекорд на 100м  грбно со време 57.99 додека на дупло пократката дисциплина 50м грбно постави нов Младински и Апсолутен рекорд со време 26.36.
Никола Ѓуретановиќ од ПК Вардар 2018 постави нови рекорди во категоријата Постари пионери на 100м мешано со време 1:02.18 и 200м слободно со време 1:58.82,додека пак пливачот на ПК Вардар8,Стефан Тодоров кој пред две недели постави рекорд на 50м слободно во 50м базен,сега го собори и стариот рекорд на 50м слободно на 25м базен со време 24.71.
За најдобри пливачи во категории прогласени се:
Категорија А(отворена)
Стојановски Андреј ПК Нептун
Николиќ Миа ПК Свети Никола – Ниш
Категорија Б(пливачи родени 2005/06)
Гаши Мал ПК Степ-Приштина
Беќири Јона ПК Степ-Приштина
 
Категорија Ц(пливачи родени 2007/08)
Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018-Скопје
Китановиќ Ива П.В.К.Орион-Скопје
Категорија Д(пливачи родени 2009/10)
Герасимовски Василиј П.В.К.Орион-Скопје
Адора Хоџа ПК Степ-Приштина
Категорија Е(пливачи родени 2011 и помлади)
Цеков Влатко ПК Вардар 2018-Скопје
Димитровска Калина ПК Вардар 2018-Скопје