На 03 Октомври се одржа 4от Меѓународен пливачки митинг „Делфин спринт” во организација на Пливачкиот клуб Делфин од Скопје. На митингот учество земаа 25 клуба од Македонија и Косово и вкупно 265 пливачи.
На митингот се поставија и два нови Национални рекорди на Македонија, пливачот на ПК Вардар 2018 од Скопје, Ѓуретановиќ Никола постави нов рекорд во категоријата Постари пионери (13/14 години пливачи) во дисциплината 50м грбно со време 30.10, додека пливачот на П.В.К.Орион од Скопје, Герасимовски Василиј постави нов рекорд во дисциплината 50м слободно – категорија Помлади пионери (12 години и помлади) со време 28.15. Најдобри пливачи на митингот по категории се:
Категорија А Отворена
Мажи: Јанковски Јован П.В.К.Орион
Жени: Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
Категорија Б пливачи 2006/2007
Мажи: Јанковски Јован П.В.К.Орион
Жени: Идризај Ерина H2O
Категорија Ц пливачи 2008/2009
Мажи: Станковски Горазд ПК Вардар
Жени: Беиќи Хана H2O
Категорија Д пливачи 2010/2011
Мажи: Велковски Никола ПК Вардар
Жени: Трифуновска Тамара ПК Младост
Категорија Е 2012 и помлади
Мажи: Ампов Алексеј ПК Вардар
Жени: Колчоска Тамара ПК Младост