Известување

Почитувани
Поради одлуката на Владата на Република Северна Македонија за воведување на полициски час од 22-05:00 во приодот од 10-22.03.2021,Националната пливачка федерација го одложува 2от Меѓународен пливачки митинг ‘Гран при Македонија” кој според календарот на натпревари требаше да се одржи овој викенд 13-14.03.2021.
Доколку ситуацијата и состојбата во Македонија го дозволат тоа,нареден термин на кој треба да се одржи е 27-28.03.2021.
Ви благодариме на разбирањето и за сите понатамошни промени ќе бидете навремено известени.
Со почит
Национална пливачка федерација