Прв Меѓународен пливачки митинг “Вардар 2018 Опен”

На првиот Меѓународен пливачки митинг “Вардар 2018 Опен” кој се одржа на 01.11.2020 на базенот Борис Трајковски во организација на Пливачкиот Клуб Вардар 2018 од Скопје постигнати се седум Национални рекорди.

 

Танаскоска Катја ПК Скопје,постави нови рекорди во категоријата Постари пионерки во следните дисциплини:

50м грбно 32.58

100м грбно 1:09.04

200м грбно 2:29.38

 

Јанковиќ Сара ПК Скопје,постави нови рекорди во категоријата Постари Пионерки во следните дисциплини:

50м градно 35.88

100м градно 1:19.97

 

Бошнаков Димитар ПК Скопје,постави нов рекорд во категоријата Помлади Пионери во дисциплината 200м грбно 2:30.01

 

Андреев Даријан ПК Скопје,постави нов рекорд во категоријата Помлади Пионери во дисциплината 50м делфин 30.44.