На Меѓународниот пливачки митинг “Дубочица Опен” поставени се два нови Државни рекорди на Македонија.
Пливачката на П.В.К Орион од Скопје,Миа Крстевска постави нов Апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време 2:18:02 додека Миа Блажевска Еминова исто така од П.В.К.Орион постави нов Младински рекорд на Македонија во дисциплината 100м слободно со време 58:62.
Младиот пливач на П.К Вардар од Скопје,Станковски Дамјан беше прогласен за најдобар пливач во категоријата на пливачи 9 години и помлади.
На митингот учество земаа 348 пливачи од 7 држави а од Македонија учество земаа клубовите:Аква Про,Вардар 8,Младост,Вардар,Скопје,Вардар 2018 и Орион.
Официјални резултати: https://live.swimrankings.net/26998/