Денес Град Скопје ги награди најдобрите спортисти за 2019 година.
Нашиот најдобар маратонски пливач и репрезентативец Евгениј Поп Ацев се најде во најтесниот круг за избор на најдобар спортист за 2019 година со победата на ФИНА Светската серија на Ултра Маратони и освојување на 6то место на ФИНА/ЦНСГ Светска серија на маратони за 2019 година.
Најдобар спортист на Град Скопје е ракометарот Стојанче Стоилов додека Евениј се пласира на 5то место според бројот на гласови.
Воедно во изборот за најуспешен спортист меѓу лицата со посебни потреби признанието го доби пливачот Марио Мицковски од Специјална Олимпијада за освоеното 1во место на 50м слободно и 1во место на 25м грбно на Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада.
Честитки