На Меѓународниот пливачки митинг “13 Ноември” кој се одржа овој викенд ,19-20.10.2019 на базенот Борис Трајковски во организација на Пливачкиот клуб Бета Шаркс од Скопје соборени се 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени.
Пливачката на ПВК Орион од Скопје Миа Крстевска постави нов Апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2:14:53.
Исто така пливачката на ПВК Орион од Скопје,Блажевска Еминова Миа постави дури 11 нови рекорди на Македонија и тоа:
Кадетски рекорд на 50м делфин – 28:51
Кадетски и Младински рекорд на 100м слободно – 57:60
Кадетски и Младински рекорд на 50м слободно 26:49
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м грбно – 29:91
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 100м мешано – 1:05:22
Додека пливачката на ПК Аква Про од Скопје,Петровска Ева постави нов Младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2:20:23.
Официјални резултати: