Евгениј Поп Ацев го зазема 13то место од 24 пливачи

Во денешната трка на 25км нашиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема 13то место од 24 пливачи и заостана само 3:33:70 позади победникот.
Победник на трката е рекордерот на Охридскиот пливачки маратон,Рајмонд Аксел од Франција,втор е Кирил Балјаев од Русија а трет Алесио Очипинти од Италија.
Со ова завршуваат настапите на Евгениј на Светското првенство во водени спортови со што он продолжува со настапите во трките од ФИНА серијата на маратони кои почнуваат во Канада.
Честитки