Успешно заврши првиот ЛЕН-ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА

Викендов, успешно заврши првиот ЛЕН-ГРАНД ПРИ МАКЕДОНИЈА, Европски Критериумски Пливачки Напревар во Скопје-Македонија, во организација на ПФМ, со учество на повеќе 160 домашни и странски пливачи. Свечено беше прогласен за отворен од страна на Директор на Агенција за Млади и Спорт Г-дин Дарко Каевски, во присуство на Спортски Директор на МОК, ЛЕН Делегат Валтер Бологнани, Претседател на ПФМ Александар Маленко и пријатели на ПФМ од странство.

За Најуспешен Пливач беше прогласен АРНО КАМИНГА од Холандија, а за најуспешна пливачка ТЕСА ВЕРМУЛЕН, исто така од Холандија.

Од нашите пливачи, највредни резултати и апсолутни рекорди постигнаа ЕВА ПЕТРОВСКА и МИА ЕМИНОВА БЛАЖЕВСКА.