На 25.08.2018 година во Охрид се одржа 32 издание на Охридскиот пливачки маратон, на кој триумфираа италијанските пливачи Франческо Џетини во машка и Барбра Поцобон во женска конкуренција.
На целта тие беа пречекани со аплауз од публиката која драматичниот финишго следеше од кејот, а маратонците ги пречекаа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и првиот човек на Пливачката федерација на Македонија Александар Маленко, кои им честитаа на успехот.