Македонската пливачка Миа Крстевска имаше фантастичен настап на силнит Гран-при митинг во Белград, го освои првото место и постави нов државен рекорд во дисциплината 200 метри грбно.
Миа Крстевска исплива со време од 2:21.33 и го освои златниот медал, постави државен рекорд и исполни норма за Европското младинско првенство и Младинската Олимпијада 2018.
Покрај Миа, одличен настап имаше и Иван Симоновски кој го освои златниот медал во 100 метри пеперутка со време од 57:65.
Со тоа Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинска Балканијада која ќе се одржи во Сараево. Таму покрај Миа Крстевска и Иван Симоновски ќе биде уште и Ана Јаневска.