Во сабота (19.08.2017), на патеката „Климе Савин“ ќе се одржи 31. издание на Охридскиот пливачки маратон.
Овогодинешното издание на маратонот, побуди голем интерес кај натпреварувачите кои доаѓаат од повеќе држави низ светот. Вкупно 22 натпреварувачи во сабота ќе ги одмерат своите сили и тоа 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија. Оваа година како главен организатор е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија. Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на овој настан.