Селекторот на Македонската ватерполо репрезентација Игор Гочанин на само неколку дена пред почетокот на Европското Првентво во ватерполо се соочува со проблеми со повредите со кои се здобија ватерполистите во текот на подготовките за ЕП.
Имено двајца клучни репрезентативци во текот на подготвителниот период се здобија со повреди и тоа Борис Летица кој има повреда на ушното тапанче, како и Иван Вуксановиќ кој беше повреден на подготвителниот турнир во Турција и во моментов има медицински санирана аркада. Двајцата ватерполисти се надвор од тренажниот процес се додека нивните повреди не се санираат целосно.
Сепак, добра вест за Гочанин е дека нивното закрепнување оди одлично и се очекува нивно враќање во базените во наредните неколку дена.