Македонската ватерполо репрезентација во периодот пред почетокот на Европското Првентво во ватерполо кое ќе се одржува од 16 до 29 јануари во Ајндховен, Холандија интензивно се подготвува со значаен број подготвителни натпревари и тренинзи.
По успешните подготовки на трунирот во Истанбул,Турција, каде во периодот од 06. до 08 јануари нашата репрезентација одигра наптревари со репрезнетациите на домаќинот Турција (победа 11-6), репрезентацијата на Холандија (победа 11-10) и репрезентацијата на Романија (пораз 6-10) деновиве нашите репрезентативци се на подготовки во Белград, Србија, каде во престојните денови пред ЕП се одигруваат тренинг наптревари против екипата на Црвена Звезда.