Охридски Маратон 2013

Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција).

Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи  на претстојниот Охридски маратон, заедно со Евгениј Поп Ацев, на кои ќе им се приклучат и помладите Александар Панчевски и Александар Илиевски. Ни оваа година, како и години претходно, нема да имаме претставничка во женска конкуренција.

Дамјан Блаум од Аргентина, Симоне Ерколи од Италија, како и македонските маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев (кој минатата година заврши на петтото место) ја предводат листата на учесници во машка конкуренција, кај дамите учеството го потврдија Русинката Олга Козиуб, Естер Нуњез (Шпанија), Карла Ситиќ (Хрватска)…

– Сезонава завршницата во Гран при-серијата на ФИНА е напната како никогаш досега. Има многумина пливачи, кои се натпреваруваат за највисокиот пласман на Светската ранг-листа и се ќе се реши на последните две трки до крајот на сезоната. Меѓу кандидатите за највисок пласман сме и Поп Ацев и јас по добрите резултати на маратоните во Kанада. Ќе видиме каква ќе биде разврската – изјави Стефановски неодамна.

Маратонската трка на 30-километарската патека „Климе Савин“ ќе се одржи на 24-ти август, стартот ќе биде во Свети Наум, а целта на градското пристаниште во Охрид. Првите пливачи се очекуваат да пристигнат  околу пет и пол часа подоцна, по што следи доделување на ловорови венци на првиот пливач во машка и женска конкуренција од страна на покровителот на Охридскиот пливачки маратон, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов.

Тоа што е важно е дека годинава Охридскиот маратон со сигурност ќе добие нов победник, со оглед на тоа што Бугаринот Петар Стојчев (11 пати триумфираше во водите на Охридското езеро) ја заврши кариерата – тој стана министер за спорт во неговата земја. Сепак, Стојчев ќе биде присутен во Охрид, како тренер на Томи Стефановски а на македонската јавност и останува да види дали нашиот претставник ќе го повтори неговиот успех.

Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи на претстојниот Охридски маратон, заедно со Евгениј Поп Ацев, на кои ќе им се приклучат и помладите Александар Панчевски и Александар Илиевски. Ни оваа година, како и години претходно, нема да имаме претставничка во женска конкуренција.

Подолу е листата на претставници во машка и женска конкуренција.

МАЖИ  
1 Ciaramella Fernando Dario ARG
2 Afonevic Ivan RUS
3 Smolka Libor CZE
4 Yordanov Tsvetan BUG
5 Milan Marin CRO
6 Evangelista Matheus BRA
7 Stocino Edoardo ITA
8 Ercolo Simone ITA
9 Aleksandar Ilievski MKD
10 Hedel Toanes FRA
11 Reymond Axel FRA
12 Damian Blaum ARG
13 Simon Pistor GER
14 Evgenij Pop Acev MKD
15 Tomi Stefanovski MKD
16 Aleksandar Pancevski MKD
17 Aydarski Ventsislav BUG
18 Ryckeman Brian BEL
19 Bertola Guillermo ARG
ЖЕНИ
1 Kozydub Olga RUS
2 Rybarova Silvie CZE
3 Petti Noelia ARG
4 Sitic Karla CRO
5 Ivanova Lidija BUG
6 Levacic Dina CRO
7 Simonazzi Nikoletta ITA
8 Grimala Martina ITA
9 Nunez Morera Esther ESP
10 Mankevich Anna RUS
11 Lexie Kelli USA

Оваа година наместо двајца, бројот на странски делегати е зголемен на тројца, односно покрај технички и медицински делегат, ќе биде присутен и делегат за безбедност. Станува збор за следниве делегати:

  1. Narce Jean – Paul (technical delgate)
  2. Prof. Lubs Eide (medical delegate)
  3. Jean-Paul Narce (safety delegate)

Делегат од страна на Пливачката Федерација на Република Македонија ќе биде Јане Карајованов.

Наградниот фонд за овогодинешното издание на Охридскиот Маратон ќе биде 10.000 долари, а наградите ќе бидат доделени по завршувањето на маратонот (24 август) во 21:30 часот во хотелот Инекс Горица – Охрид.